ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да преземаше мерки против загаденоста немаше Македонија да биде најзагадена во светот
Време е СДСМ да престане со лаги, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека опозицијата 11 години не преземала ништо за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.
„Владата на СДСМ да преземаше мерки против загаденоста на воздухот немаше Македонија да биде една од најзагадените земји во светот“, обвинуваат од опозицијата.
„Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот. Проблем со загадениот воздух имаат и Битола, Струмица, Кочани, Куманово и други градови, но власта ништо не презема.
Ако СДСМ се грижеше за граѓаните нивото на загаденост на воздухот немаше да е од пет до десет пати над дозволеното.
На Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов поубаво им е да спијат или пак да играат игри отколку да преземат нешто за доброто на граѓаните.
Оваа власт на дело докажа дека нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, затоа народот ќе ги казни и ќе стават крај на овие црнила“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа