Ѕанакопулос: Го разбираме Заев, води тешка борба со национализмот

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, се оглаис по изјавите на Заев кои покренаа лавина реакции во Грција.

- "Заев води борбата во тешка клима на национализам, па дури и шовинистичка перцепција кои владееле во изминатите години во соседната земја. Според Договорот од Преспа, во уставната ревизија не смее да се состави ни најмалку простор за политика на иредентизам во соседната држава. Мислам дека сето тоа е многу јасно наведено во Договорот за Преспа и тоа не треба да создаде сомнежи и националистички реакции кои би довеле до тоа да ја загубиме оваа историска можност за дипломатско и политичко решение на прашањето што се однесува на нас, нашите соседи, но и целиот Балкан, веќе скоро 30 години ", објаснува министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега