Роберто Манчини на чело на Галатасарај

Најверојатно Роберто Манчини ќе биде замената на Фатих Терим, во Галатасарај. 

- Роберто Манчини ќе биде наследникот на Фатих Терим, пишуваат турските медиуми.

Се шпекулира дека Манчини веќе е во Истанбул и се очекува да го потпише договорот со турскиот фудбалски гигант.

Италијанецот пред крајот на минатата сезона доби отказ од Манчестер Сити и од тогаш е без ангажман.

Манчини како тренер со Фиорентина и Лацио го освои Купот на Италија, со Интер три пати беше шампион на оваа земја, два пати го освои Купот и два пати Суперкупот. Со Манчестер Сити еднаш ја освои шампионската титула, а по еден пехар освои во ФА Купот и Комјунити шилд.

25.09.2013 - 12:47

најчитано сега