Петковски: Гревот на Џафери ќе биде помал од гревот на Иванов

Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски вели дека потпишувањето на указите од страна на собранискиот спикер Талат Џафери е многу помал грев за разлика од директното кршење на Уставот од страна на шефот на државата Ѓорге Иванов.

– Уставните одредби се многу јасни и недвосмислени кога велат дека указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Но, постојат ситуации кога на шефот на државата не му се допаѓа одреден закон и тој има право да го искористи правото на суспензивно вето и да го врати законот на второ гласање. Ако повторно биде изгласан истиот закон од страна на пратениците, тогаш претседателот има должност да го потпише указот. Во Уставот јасно стои дека шефот на државата одговара ако не ги почитува уставните одредби. Одговорноста е кривична или политичка – импичмент. Токму затоа мислам дека многу помала грешка ќе направи собранискиот спикер Талат Џафери ако сам го потпише указот во споредба со грешката што веќе ја направи Иванов преку директно кршење на Уставот. Јас лично сметам дека Џафери треба да го направи тоа – објаснува Петковски, пренесе Слободен печат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега