Спасовски откри дали ќе се кандидира за претседател на Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во вечерашното гостување во емисијата „Лица“ на 1ТВ кажа дека бегството на поранешниот премиер Никола Груевски не е вина на МВР, туку се работи за пропусти во системот и тоа отвора дополнителни прашања.

 

Тој зборуваше за времето кога премиерот Зоран Заев ги добил „бомбите“ и откри како подготвувале стратегија „бомбите“да ѝ се пласираат на јавноста, а да не се направат пропусти.

 

- Сега веќе знаеме кои луѓе ги изнесоа тие материјали. Но, тогаш знаевме многу тесен круг на луѓе за тоа што доби и што поседува Заев. Бевме внимателни и не разговаравме многу во детали за материјалите, но зборвуавме за тоа како да ги пласираме. Внимателно размислувавме за „бомбите“ и од нив да ѝ биде обелоденето на јавноста она што е јавен интерес - рече Спасовски и истакна дека се чувствувале непријатно додека ги преслушувале.

 

- Кога зборуваме за порази или за победи во политичката кариера, ги имало и двете во мојот случај. Но најважно е да се извлече поука. Но, како најголем пораз, не само за мене, туку за државата, го сметам 11 годишното владеење на Груевски.

 

На прашањето дали има амбиции да се кандидира за претседател на државата тој одговори:

 

- Во овој период со љубов ја работам мојата работа. Сега не е момент за да размислувам во тој правец. Но, можеби кога ќе дојде време, ќе размислувам за тоа - рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега