Денеска во овој град во Македонија беа измерени 15 степени , но подгответе се следува температурен шок

Времето денеска во Македонија беше променливо облачно со сончеви периоди.

Максималните дневни температури достигнаа во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 10, Прилеп 12, Кавадарци 15, Крива Паланка и Берово 9, Дојран 12.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе поминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.

 

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Битола 3, Маврово  и Крива Паланка 2, Берово 1, Охрид 7, Кавадарци и Гевгелија 6 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега