Заев: Ве поканувам на кафе, може вие нешто ќе научите од СДСМ, а може и ние нешто ќе научиме од ВМРО-ДПМНЕ

„Вашиот генерален секретар Александар Кирацовски е потпишан на законот во сите Јавни претпријатија да има заменици директори.Ова е скандалозно и срам. Децата на функционерите и шарените ги вдомивте. Јадењето живи луѓе го покажавте со бркањето на Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство само затоа што надвор од работно време држел прес конференции. Дали конкурсите се наместени за членови на СДСМ и дали општинските организации на СДСМ одлучуваат кој каде ќе биде вработен“, праша Ѓорчев, на денешната седница за пратенички прашања во Собрание.

„Намерата ми е искрена. Немаме намера и нема политички реваншизам. Доволно е политичкото делење. Сакам помирувањето да пристигне до секого. Нови 47.000 работни места се отворени, најголемиот дел се во приватниот сектор. Секој има право на работа. Се прима според квалитет, а не според партиска одлука. За тоа кој ја води кадровската политика на СДСМ, ве поканувам на кафе во СДСМ и таму ќе ви одговорам и ќе разговараме. Може ние нешто ќе научиме од ВМРО-ДПМНЕ, може и вие нешто ќе научите од СДСМ.“, рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега