Ѓорѓиевски: Спасовски си брка тендери додека Македонија стана крвава арена

За жал Република Македонија е претворена во крвава арена. Оливер Спасовски си брка тендери и политика, полицијата ја нема на терен, а граѓаните се незаштитени, обвинува  Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Речиси да немa викенд, а да не се случи сериозен грабеж, убиство или некој голем инцидент. Синоќа јавноста повторно беше вознемирена од уште едно грозоморно убиство во Ѓорче Петров. Човек беше застрелан со еден куршум во глава во близина на касарната. Ова е класична ликвидација. ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека безбедносната ситуација ќе се влошува заради неспособноста на Оливер Спасовски и коалицијата со криминалците на СДСМ. Ова убиство е уште еден доказ за тоа дека криминалот владее на улиците. Неспособниот министер Спасовски МВР го претвори во статистичка институција за нотирање на убиства, грабежи, сомнителни пожари и насилства. Случаите остануваат или неразрешени или убијците никогаш не се пронаоѓаат, порачува тој.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека слична ваква мафијашка ликвидација се случи на улица „Рузвелтова“ кога беа убиени две лица.

-Патем еден од убијците на младиот Саздовски сеуште не е достапен на правдата. Полицијата сеуште трага по убиецот на Мартин Јанушев. Убија дете на автобуска постојка во Чаир, го ликвидираа Дилавер Бојку Леку во неговиот локал, беа опожарени десетици автомобили и уште стотина други слични вакви случаи. Уште колку убиства сред град треба да се случат, за Оливер Спасовски да си поднесе оставка. Се додека тој е на врвот на МВР криминалците ќе се чувствуваат охрабрени и  заштитени. Црнилата и крвавите викенди се резултат на тоа што Оливер Спасовски е крајно неспособен, и тоа мора да престане. Оливер Спасовски треба да замине за да дојде редот и мирот за нашите граѓани, вели Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2018 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега