СДСМ: Петнаесет причини зошто Мицкоски е неспособен деструктивец, анти ЕУ и анти НАТО политичар

На крајот на 2018 година може да се сублимираат најмалку 15 клучни причини кои го дефинираат Христијан Мицкоски како неспособен деструктивец, кој ги продолжи политиките на неговиот ментор, Никола Груевски, кој нема план, идеја, програма, кој дејствува проитв НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија.

1.       Цела една година Христијан Мицкоски не понуди ништо за граѓаните, не кажа ниту едно алтернативно решение, не понуди програма, идеја во интерес на државата.

2.       Мицкоски не се огради ниту пак се извини за црните, криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои 11 години ги осиромашуваа граѓаните а Македонија ја направија заробена, изолирана држава, далеку од ЕУ и НАТО.

3.       Мицкоски имаше 365 дена но ниту еднаш не ги напушти деструкциите на Никола Груевски против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество туку ги продолжи.

4.       Мицкоски не ја реформираше ниту ја демократизираше партијата, остана да ги спроведува антизападните политики против процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

5.       Се посвети на агенда со само една цел-да ги кочи процесите за имплементација на Договорот од Преспа, кои обезбедуваат зајакнат и признат македонски индетитет и члество во НАТО и ЕУ.

6.       Мицкоски немаше став за најважните прашања за иднината на државата, не соопшти јасен став ниту за референдумот.

7.       На кукавички начин се обиде да го саботира членството на Македонија во ЕУ и НАТО, врвните стратешки цели на земјава. Со тоа се етаблираше како анти НАТО и анти ЕУ.

8.       Како прв човек на ЕЛЕМ не се извини на граѓаните за тоа што во времето на ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапи 100% а Македонија произведуваше помалку струја.

9.       Во неколку наврати Мицкоски, исто како и Груевски, ги излажа граѓаните.

-          Мицкоски лажеше дека работел без надомест како советник на Никола Гриевски, се потврди дека земал дебели хонорари.

-          Излажа за тоа дека бил асистент кај неговиот татко, се покажа дека не само што му бил асистент туку и книгите што ги објавувал се со потпис од неговиот татко.

-          Ги лажеше граѓаните дека е загрозен идентитетот, а излажа и за важни прашања што се разговараа на лидерските средби. Се потврди дека идентитетот е обезбеден и загарантиран.

-          Мицкоски лажеше и за неговите хидроцентрали и бизнисот што го добил од Груевски. Се покажа дека земјиштето за хидроцентралите го добил токму во време кога бил советник на Груевски.

10.   Мицкоски не одговори за неговата средба со Никола Груевски кратко време пред кукавичкото бегство на неговиот ментор.

11.   Мицкоски не одговори ниту за неговите посети на Белград и Будимпешта со што остави сомнеж за неговата улога во бегството на Груевски.

12.   Мицкоски се уште молчи за случувањата во белиот дворец за време на настаните од 27 ми април како и за командите што доаѓале од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

13.   Цела една година помина а Мицкоски не направи нова политички ниту вредносна понуда туку ја продолжи онаа на неговиот претходник и ментор Никола Груевски.

14.   Мицкоски не расчисти со кирминалните и структурите на Никола Груевски во ВМРО-ДПМНЕ туку прифати да им служи и да го брани нивниот криминал.

15.   Единствено позитивно од Мицкоски оваа година е тоа што сам си се прогласи за нерелевантен со прашањето  "кој е Мицкоски да им кажува на граѓаните што да прават?што е лично признание за неговата неспособност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега