Расчистено убиството во Кичево, приведен гостиварец

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 47- годишниот Х.Ј од гостиварското село Ќафа, соопштија од МВР.

Оттаму велат дека Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17  часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега