Славески: Немаме гаранции дека 2019. ќе биде година на економски бум

 

Како најголема опозициска партија ние секако ја поздравуваме најавата дека власта конечно има намера да се сврти кон економијата во 2019 година, но во никој случај немаме гаранции дека она што се најавува дека 2019 година ќе биде година на економијата, а најмалку година на економски бум, ќе се оствари, истакна на денешната прес-конференција, Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Што ни дава за право да го констатираме ова? Прво ако се направи една мала споредба со перформансите на некои изминати влади во изминатиот период дека владата предводена од СДСМ и ДУИ ја искористи шансата и покажа колку знае и умее на полето на економијата односно може со сигурност да се каже дека ја прокоцка шансата. Имено резултатите на економски план, граѓаните ги чувствуваат и од морето на бројки кои што беа денеска изнесени ќе оставиме сами да проценат дали подобро живееја или живеат во 2018 година и какви се нивните очекувања врз основа на досега реализираното за 2019 година. Сакаме да се задржиме на споредба повторно на првите две- три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ целосни од 2007, 2008, 2009 година затоа што тоа е релевантно со првата целосна година од владеењето на СДСМ. Имено само да потсетиме дека тогаш растот на БДП изнесуваше околу 6 проценти,а сега се задоволуваме или треба да се задоволиме со раст кој што може да биде дури понизок од 2,8 проценти и покрај тоа што се презентираат бројки за некоја зголемена активност во последниот квартал од 2018 година, вели тој.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека министерот за финансии презентираше во делот за фискалните реформи 10 таканаречени реформи кои што тешко можат да го добијат тој епитет.

-Имено, освен она одложувана најавувана дискутирана оспорувана реформа во наводници за зголемување на даноците мислам дека сето друго е само козметички промени. Еве на пример дали може фискална консолидација да ја наречеме реформа која што се остварува со прво нереализирани расходи во буџетот, пред се за капитални инвестиции значи пари прибрани од граѓаните, а не вратени во стопанството, реализацијата на капиталните инвестиции сигурно нема да надмине 50 отсто, со што е невидено досега во практиката на министрите за финансии и владите во Македонија или пак да бидеме горди на буџетски дефицит од само 1.8 отсто кој што повторно не е реализиран со неспособноста за трошење на прибраните даноци и реализација на оние проекти кои што требаше да го подобрат животот на граѓаните и да придонесат за подобрување на климата за водење бизнис во Република Македонија. Или пак дали е реформи намалувањето на неизмирените обврски. Се разбира не станува збор за реформи и мислам дека треба речникот или терминологијата да се приспособи на она што е вистински резултати затоа што мислам овие изјави и прес конференции ги следат и нашите пријатели во странство и треба да комуницираме и со нив, а не само со домашната јавност која што која исто така не е наивна. Овдека јас би укажал на фактот што беше истакнат денеска дека има зголемена наплата на даноците има зголемување на фискалните приходи, дека данокот на добивка е зголемен дури за 29 проценти, нешто слично се случува и во областа на персоналниот данок. Но, сакаме да укажеме ова е резултат на подготовка на претпријатијата и на поединците и субјектите, за зголемување на даноците кој што веќе стапи во сила од први јануари 2019 година. Имено, во последните два месеци во 2018 година нември и декември, извлечени се значителни средства од претпријатијата како предвремена исплата на девиденди, се со цел нели заради неизвесноста која што претстои или беше предизвикана кај претпријатијата од најавените зголемувања на даноците во 2019 година. Значи тоа се однесува и на данокот на добивка, и на персоналниот данок од доход, нагласи Славевски.

Тој истакна дека како партија уште еднаш сакаат да потенцираме, за негативните ефекти на кои што многупати минатата година укажале од воведувањето на прогресивното оданочување и зголемувањето на даночните стапки кај приходите или доходите од капитал како што се кирии закупнини, понатаму од хонорарната работа, оптоварувањето дополнително на земјоделците и слично.

Имено, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се уште не јасно како може да се тврди дека станува за само еден процент засегнати граѓани во Република Македонија со прогресивното оданочување кога видовме дека сите комори што претставуваат стотици илјадници претпријатија, во кои што работат десетици стотици илјади вработени, беа против и укажуваа на негативните последици од оваа реформа.

-Не само што ќе ги почувствуваме негативните последици туку со извлекувањето на значителни парични средства од фирмите што се случи во последните два месеци од 2018 година. Понатаму, со бегството односно преселбата на наши професионалци на своите сметки во соседните земји на своите активности во соседните земји подготовките за даночна евазија веќе сме сведоци и ги чувствуваме првите негативни последици од таканаречената даночна реформа со зголемување на даноците од страна на Владата на СДСМ и на ДУИ. Еден комплекс на прашања кој што  зазеде еден добар дел од денешниот прес беше околу зголемување на платите во 2018 година и на очекуваните зголемувања во 2019 година. Имено факт е дека статистиката тоа го потврди платите се зголемени во Република Македонија номинално и тоа за 5, 5 или 5, 7 % што не е за потценување но само да потсетам дека во 2007 година платите беа зголемени за 8 % , 2008 година 10,3 % 2009 година 24 % овдека има и ефекти од воведувањето и на концептот бруто плата односно интегрирањето на некои примања што ги имаа вработените во бруто платата за да настапи финансиската криза рецесијата  во Република Македонија и 2009 и 2012 што предизвика умерен раст на платите  но сепак како што истакна министерот за финансии имаше раст, нагласи тој.

Славевски потенцираше дека министерот Тевдовски е статистичар и како таков многу добро знае да манипулира со цифрите тој го зеде просекот на раст на платите од 2013 до 2017 година а не се врати малку поназад тоа беа години нели кога дефинитивно се уште се чувствуваат последиците од двете рецесии низ кои што помина Македонија во 2009 и 2012 година и секако дека тоа беше нормално однесување на претпријатијата. Само да потсетам во истиот период соседна Грција ги намали платите за околу 30 % ги намали пензиите за исто така 25 – 30 %.

-Владата на ВМРО ДПМНЕ тоа често го истакнуваше дека во услови на економска криза пензиите во Република Македонија растеа за разлика како што спомнав во Грција и некои други земји а истото се однесуваше и на платите. Едно  од прашањата на кои што ние и претходно имаме укажано а на кое навистина треба да му се обрне внимание е она со што Владата на господинот Заев се фали дека социјалната помош од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати.  Знаете ова убаво звучи но укажуваме на негативните ефекти и последици на пазарот на труд  од една ваква мерка ако се реализира на начин на кој што е зацртана. Внимавајте изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила затоа што на пример станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд  не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде испод просечната плата. Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12.000 денари вие да работите за минимална плата од 12.000 денари или за дополнителни 2.000 денари што би ги добиле или 3 илјади денари за малку повисока плата над минималната. Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, заради демографските трендови заради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија што секако на економски план ќе има многу негативни последици, посочи Славевски.

И на крај на прашање на новинарите, беше зачнато прашањето на негативните последици од ширењето на хазардните игри, односно игрите на среќа на територијата на Република Македонија од што се видливи бројни реакции од родители и други заинтересирани страни, ние сакаме да предупредиме и да побараме од Владата да поводи сметка во контекстот на она што соседна Албанија нели информациите се дека од почетокот на годинава воведе ригорозни мерки при што по моите сознанија некаде 2300, 2400 такви објекти кладилници се затворени. Може да се очекува притисок на тој капитал на таа опрема на територијата на Република Македонија, ние треба да најдеме начин да се заштитиме од напливот на опреми и отворање на нови места , нови обложувалници наместо оние мерки или намери на Владата дека ќе се анализира кој биле негативните последици итн.  Така што овдека сме убедени дека треба да се преземат итни превентивни мерки во оваа насока.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега