Возило на Брза Помош се преврте на Плетвар

Возило на итната медицинска помош од Прилеп вчера попладне околу 16 часот се преврти на превојот Плетвар во близина на каменоломот. Според првичните информации кои ги соопшти директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, најверојатно до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот.

Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што итната помош го зела од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош од Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа било тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден.

На лице место веднаш излегле екипи на Полициската станица од Прилеп, а увидот треба да покаже како точно дошло до несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега