Масовна тепачка за Божик во Тетово - полицијата пукала

Ноќеска, половина час по полноќ, 17-годишно машко лице пријавило дека на улица „29 Ноември“ во Тетово, во таканареченото Ромско маало, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, јави Тв21.

На местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот. Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците тие испукале неколку куршуми во воздух.

На местото на тепачката лишени од слобода се Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово.

Двајца малолетници на возраст од 17 години, исто така, од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, биле донесени во Полициската станица Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега