Попладнево на „Кале“ ЖРК Вардар ќе ги измери силите со Будуќност

За ракометарките на Вардар нема одмор. Попладнево „црвено-црните“ ќе се пресметаат со црногорскиот тим Будуќност во мечот од регионалната лига. Претходно Вардарки имаа средби за време на викендот кога играа на турнир во Љубљана, а во вторникот се пресметаа и со ЖРК Металург во лигата, каде одиграа нерешено 23:23. 

Мечот со Будуќност ќе се одигра на Кале со почеток од 18:00 часот. Веќе следниот викенд ќе се соочат со ракометарките на Бера Бера од Шпанија. 

Кастратовиќ најави комбиниран состав. Истите две екипи се соочија и на турнирот во Љубљана, каде победи македонскиот шампион со 25:24 во меч со продолженија.  

Во регионалната лига ЖРК Вардар СЦБТ е на 4.место со 4 бодови (две победи од два натпревара), додека Будуќност е на 2.место со 5 бодови од 4 натпревари.

26.09.2013 - 14:13

најчитано сега