Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ не сака независна ДКСК, тие се за корупција, а ние сме против корупција

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во криминали и корупциски скандали, го запира изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување  коруција, изјави на прес-конференција Александар Кирацовски од СДСМ

Тој подвлече дека СДСМ е за суштинска борба против корупцијата, додека опозицијата е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата.

„Ги следиме препораките на ЕУ, која даде многу позитивно мислење за предлог-законот и затоа законот ќе оди со европско знаменце во Собранието. Македонија ќе добие силно независно регулаторно тело кое суштински, а не деклараторно, ќе застане и ќе се спротивстави на корупцијата во нашата земја. Така се гради држава по европски стандарди“, рече Кирацовски.

Додаде дека да сакала вистинска броба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ немало да биде против тоа ДКСК да има ингеренции во делот на финансирањето на политичките партии.

„Да се залагаа за вистинска борба со корупцијата ВМРО-ДПМНЕ немаше да бара комисијата да нема директен увид во сметките на функционерите. Не може да има вистинска борба против корупцијата доколку ДКСК, како независна институција која е надвор од извршната власт, не ги контролира сметките на избраните функционери. За да ја ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага и формирање на некаков национален совет“, додаде пратеникот од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа