Куманово: Нападнал службеничка на УЈП и и ги запалил документите

Даночна службеничка на Управата за јавни приходи денеска била напдната додека ја вршела службената должност во Куманово. Како што информираат од УЈП службеничката вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. Случајот е пријавен во кумановската полиција.

„Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности.“ - стои во соопштението на УЈП

26.09.2013 - 14:29

најчитано сега