Оваа ужасна болест е одложена реракција на стрес: Препознајте ги симптомите и веднаш на лекар
Хипертироидизам или Базедова болест е едно од најчестите нарушувања на штитната жлезда и најчеста причина за појава на хипертиреоза при која штитната жлезда излачува преголема количина на тироидни хормони.
Базедова болест спаѓа во групата на болести со автоимуна етиологија.Причините се всушност во способноста на некои луѓе да создаваат антитела против сопствените органи и ткива,што е наследно пренесено.Најголемиот дел на овие антитела припаѓаат на групата на IgG глобулини.По пат на имунофлуоресценција,откриени се 4-типа на антигени антитела кои се специфични за определени антигени.Тие се таложат на определени структури комплетно менувајќи ја нивната функција.
Симптоми
Клиничката слика на болеста е мошне богата,бидејќи се должи на дејствувањето на тироидните хормони врз сите органи и ткива..Симптомите се јавуваат брзо ретко постепено.Најчесто страдаат жени во млада фертилна возраст,но и постари,поретко мажи.
- Губење на телесната тежина и покрај зголемениот апетит
- Забрзано чукање на срцето и зголемен крвен притисок
- Претерано потење
- Засилена чувствителност за топло
- Зачестено празнење на цревата пропратено со пролив
- Слабост на мускулите, тресење на рацете
- Појава на гушавост
- Испупчени очни јаболка
- Кај жените промена на месечниот циклус или целосно изостанување на циклус
- Испупчените очни јаболка се симптом на Базедова болест.Настанува кога ткивото кое ја покрива очната празнина ќе се воспали и отече, очните јаболка се испупчуваат. Ова нарушување се нарекува егзофталмус. Ако капаците неможат да го покријат целото очно јаболко, окото станува суво и надразнето. Долготрајното воспаление може да ги ослабне очните мускули и подвижноста на окото и да доведе до нарушувања на видот.
Дијагнозата е едноставна кај развиена клиничка слика,посебно ако постои прав мерсенбуршки тријас струма,егзофталмус и тахокардија. Секоја тахикардија од необјаснето потекло треба да побуди интерс за испитување на штитната жлезда.
Неопходно еда се определи тироксинот,најдобро слободниот тироксин.Скен на тироидејата е потребен поради појава на тријод тиронин(FTZ) во ретки случаи,определување на фиксациониот распоред на жлездата,како и евентуалното постоење на јазол.
Пункција ретко или воопшто не е потребно во рутински случаи.
Определувањето на TSH е потребно доколку резултатите на тироидните хормони се гранични или несугурни.TSH е низок,но тоа е мерливо за разлика од токсичниот аденом каде што не е мерливо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа