Трагедија во Македонија: Возило излета од патот, на лице место почина ученичка

Во 04,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле, патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од 21-годишниот Ф.С. од селото Радово-струмичко, излетало од патот.

На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од селото.

Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.

                                         

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2019 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега