"Ве молам ни требаат пари за инфузија" - внимавајте да не наседнете на оваа измама во Скопје
Во 16,55 часот во Полициската станица Центар, 28-годишниот Љ.С. од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари.
Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат.
Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа