Биле полни со екстази и марихуана - три лица фатени на дело од македонската полиција

 

 

СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.К. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 14.01.2019 година во 11.40 часот полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и пронашле 460 грама марихуана и таблети – екстази,

Во 22.40 часот, во село Топлица, гостиварско, од слобода биле лишени А.Ф.(30) и Е.А.(23), двајцата од селото Добридол. При претрес на патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое биле лицата и при личен преглед кај нив била пронајдена марихуана, која била одземена и дадена на вештачење.

А.Ф. и Е.А. биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесем соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега