Кривична за битолчанец кој се заканувал на Фејсбук - МВР упати апел

Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на 40-годишниот О.Ј. од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега