Пожар во куќа во Скопје - сопственикот пијан приведен од полицијата

 

 

Пожар избувна вчера во скопски Аеродром. Во околу 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на 62-годишниот О.Е. од Скопје. Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром. Увид на местото ќе се врши во текот на денот.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега