Обид за убиство во Куманово: Пукал кон него, но не успеал да го погоди
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 31- годишниот А.М од село Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Од МВР соопштуваат дека на 25.12.2018 година во 16.45 часот во село Никуштак, по претходна вербална расправија со М.А., А.М. со пиштол испукал неколку куршуми кон М.А., но не го погодил.
17.01.2019 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа