ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици

„Одговорност за шверцескиот начин на кој СДСМ го објави Законот за двојазичност мора да има. Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици по Република Македонија“ стои во денешното соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека законот беше изгласан насилнички и недемократски и на ист таков начин беше објавен во Службениот весник без потпис на претседателот Иванов, спротивно на Уставот, Законите надвор од сите процедури.

„Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.

Правната држава и владеењето на правото се основните постулати на една демократска држава. Јавното обвинителство мора да се ослободи од политичките притисоци и веднаш да постапи по овие кривични пријави, а доколку не постапи станува соучесник во целиот процес“ велат во своето соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега