ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ

Нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ. Писма, уставни измени, капитулантски договори со кои дел по дел аболицираниот Заев се откажува од се што е македонско, македонското вековно име, јазик, историја, култура. Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави. Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија.“

Од партијата потенцираат дека за само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии.

„Илјадниците граѓани кои побегнаа како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава. Нема да можат да ја препознаат државата од црнилата во кои е завиена, од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт на аболицираниот Заев.“

-Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа