Ракометарките на Вардар го доживеаа првиот пораз

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ го доживеаа првиот пораз во регионалната лига. Вчера попладне во СРЦ „Кале“ во Скопје ланскиот европски шампион Будуќност оствари победа од 24:20 (13:6).

Во текот на натпреварот Будуќност имаше водство, кое успеа да го задржи до крајот на натпреварот. Вардарки успеаја да намалат на 20:22 во последната минута, но немаа можност за пресврт.

Најефиксни кај вардарки беа Алисон Пино и Јулија Николиќ кои постигнаа по 6 голови, додека кај Будуќност Драгана Цвијиќ и Мајда Мехмедовиќ постигнаа по 6, а македонската репрезентативка Елена Ѓоргиевска заврши со пет погодоци за Будуќност. Најдобра на теренот беше голманот на Будуќност, Клара Волтеринг која имаше 14 одбрани.

За македонскиот шампион ова беше прв пораз во третиот натпревар, а има две победи, додека шампионот на Црна Гора, Будуќност во 5.тиот натпревар ја постигна третата победа.

ЖРК Вардар СЦБТ следниот натпревар го игра на домашен терен со Локомотива Загреб во недела со почеток во 18 часот.

27.09.2013 - 09:08

најчитано сега