МВР со детали за сообраќајката кај Скопјанка
Во 22.50 часот на крстосница од булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и улица „Фрањо Клуз“ се случила сообраќајка.
38-годишниот С.Ј. од Скопје, управувајќи патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и возилото се превртело.
Притоа, со повреди се здобил возачот С.Ј. кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
23.01.2019 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа