Работник се повреди со циркулар - несреќа во Македонија
Околу 11 часот и 30 минути, во Полициската станица Гостивар пријавено е дека во фабрика лоцирана на улица „Илинденска“ во Гостивар, работејќи на циркулар се повредил 24-годишниот Е.Е. од Гостивар.
Тој се здобил со тешки телесни повреди на десната рака и е пренесен во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување.
Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.
24.01.2019 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа