Возило излета од патот Неготино-Велес: Двајца повредени
Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.
Како што информира за МИА,Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, кои се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.
Од велешката ЈЗУ Општа Болница како што информира портпаролот Марина Андова утрово, околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години.
Двајцата биле амбулантски третирани од нивен лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа