Богоевски: Ние не го ставаме Димовски во притвор, туку дозволуваме судот да работи непречено

 

Ние не го ставаме Димовски во притвор, туку дозволуваме судот да работи непречено, смета пратеникот Павле Богоевски, на што реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи „Немој Павле, што збориш“.

„Ќе ја поздравам дисциплираноста на Димовски, но ние не сме тие што ја ценат дисциплината на колегата туку да видиме дали се исполнети условите за одземање на имнитетот. Судот е оној кој ќе одреди дали некој ќе се брани за слобода или не“, рече Богоевски.

Тој посочи дека денеска не е како во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога притворањето се правело спекталуларно.

„Судот самостојно треба да одлучи за притвор. Јас мислам дека неговиот имунитет треба да биде одземен оти условите се исполнети“, додаде Богоевски.

По говорот на Богоевски, пет пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се јавија за реплика.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега