Ласоска до Богоевски: Какво е чувството да ти кажат како да гласаш за да пратиш колега во притвор?

 

Пратеничката Благица Ласоска во своето комисиско излагање му порача на претседателот Павле Богоевски дека не станува од место за да го гледа во очи, прашувајќи го големи прашања околу борбата на Шарената револуција, велејќи му дека ги изневерил луѓето кои таму се бореле.

-Какво е чувството да ти кажат како да гласаш за да пратиш колега во притвор. За тоа ли беше Шарената револуција, за одмазда ли се бореше?, прашува Ласоска.

Таа го праша дали мисли дека притворот на Димовски не е порачан?

-Колегата Љупчо Димовски имаше едно обвинение многу поголемо. Тој не избега кога имаше многу поголемо дело, потенцира Ласоска.

Вели и дека со ова се праќа порака дека кој не гласал за промена на името го чека одмазда.

-Ниту има правда ниту има мир. Ова е само одмазда зошто Љупчо Димовски не гладаше за промена на името. Дали за одмазда се бореше? Одземете ни го имунитетот на сите, можеби и Голи Оток сте отвориле. Јас сакам сите што згрешиле да одговараат, но ова е театар. ВМРО -ДПМНЕ беше на власт со ДУИ, не може само ВМРО-ДПМНЕ да направиле криминал”, рече Ласковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега