СДСМ: Полицијата постапува професионално и ужива доверба од грѓаните
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири неоснована паник меѓу граѓаните, стои во реакцијата на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ..
„Времето кога Министерството за внатрешни работи, беше претворено во партиски огранок што служеше за заштита на криминалот и притисоци кон граѓаните, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Нема повеќе МВРО-ВМРО!
Денес, преку преземeните реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Стапката на криминал се намалува, се постпаува по секое прекршување на законите, а против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.
Се враќа довербата во полицијата, а доказ за тоа се испитувањата на јавното мислење и високиот процент на граѓани кои се чувствуваат безбедно“ пишува во реакцијата на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа