Одложена седницата на Извршниот одбор на СДСМ

 

СДСМ ја одложија утрешната седница на Извршниот одбор, на која требаше да се расправа за можноста, заедно со претседателските, да се одржат и предвремени парламентарни избори, информира Телма. Официјално, причина за одложувањето е отсуството на некои министри од државата, но неофицијално,партијата се` уште нема изградено заеднички став за ова, но и за другите клучни прашања.

ДУИ се уште се двоумат дали да излезат со свој кандидат, дали да го поддржат кандидатот на СДСМ или пак некој заеднички кандидат со останатите партии од албанскиот блок.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори официјално ќе се знаат во вторник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега