СДСМ:Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници, се решава уште еден наследен проблем од ВМРО-ДПМНЕ

 

Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, стои во соопштението испратено од СДСМ.

Од партијата велат дека со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

„Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.

Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ.“ стои во соопштението од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега