Струмичанец се обидел да побегне од полицијата, но кога виделе што има во автомобилот веднаш бил уапсен
Вчера во 22 часот и 30 минути во Куманово, на регионалниот пат Куманово –Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало.
По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот 26- годишниот М.Р од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
Исто така, од слобода бил лишен и 40- годишниот Т.И од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа