Полицијата влезе во домови во Тетово и Гостивар - тројца приведени

 

Во периодот од 19.30 до 20.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на 36-годишниот Н.И. од Гостивар.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица.

Исто така, во полициска станица било приведено и лицето Г.Н. кое било затекнато во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 Потоа, во периодот од 13.30 до 15.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на 49-годишниот Ј.С. на улица „Кавкаска“ во Тетово.

При претресот биле пронајдени  и одземени кокаин, дигитална вага и семки од марихуана.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега