Се огласи Заев: Пријателството со Бугарија никогаш не било поголемо

Заев се огласи вчера на Фејсбук:

Пријателството со Република Бугарија никогаш не било поголемо и постојано отвораме перспективи за соработка. Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот. 

Денешната средба со мојот колега Boyko Borissov ја остваруваме по повод денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев, кој велеше дека „Светот го разбира како поле за културен натпревар меѓу народите“. На средбата ги разгледавме можностите за намалување на царинските стапки, а со тоа и зголемување на трговската размена која целиме да достигне вредност од 1 милијарда евра.

Освен економската соработка, како врвен приоритет на граѓаните и на бизнис заедниците на двете земји, фокусирани сме и на изградбата на патната, железничката и гасната инфраструктура, како и на соработка во областа на културата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега