Лекар открива природни начини на спуштање висока температура - разбива и мит од кој сите се ежиме

 

Вируси владеат во Македонија, а и во регионот. Чекалните во амбулантите се полни, а сите се жалат на исти симптоми. Лековите може да помогнат, но некогаш и природните средства се одличен начин да ја држиме настинката под контрола.

Според докторката Невенка Димитријевиќ, специјалист по општа медицина, дури температура од  38,5 степени треба да се спушта и тоа најпрво со туширање со млака вода, течности и облоги.

-Не треба да се масира со ладно, како што луѓето најчесто прават, туку со топла, млака вода, Масирањето со алкохол или ракија, разблажени со вода, ќе ја извлече температурата, Притоа треба да се масираат одредени делови од телото, како што се внатрешните делови од рацете и нозете, табаните и вратот, Ако е грлото болно, облоги од ракија и вода треба да се стават околу врат, па да се превијат со сува крпа и така да се остави преку ноќ. Одредено овошје, како што се малините, богати со антиоксиданси, ја снижуваат температурата. Може да се купат и замрзнати, па та да одмрзнат и дасе јадат. Цитрусите се исто така одлични во броба против температурата. Во случај на висока температура која трае два-три дена, треба да се обратите кај лекар - нагласува д-р Димитирјевиќ и апелира антибиотиците да не се земаат на своја рака, како што вели, е чест случај.

-На тој начин освен што се создава резистенција на бактериите на антибиотик, пациентот ја замаскирува клиничката слика и ја отежнува работата на лекарите, а со самото тоа се продолжува лекувањето. Доколку за лечење е потребен антибиотик, единствено лекар може да одреди кој е најповолен во однос на дадените симптоми - вели д-р Димитријевиќ.

Кога возрасен има температура од 40 степени Целзиусови тогаш итно треба да се обрати кај лекар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега