Николоски на средба со Сервер: На Македонија и се потребни предвремени избори

 

 

Во рамки на својата работна посета на Вашингтон САД Николоски учествуваше на средбата на Европски Лидери во рамки на молитвениот појадок, а оствари средби и со неколку конгресмени. Николоски се сретна и со професорот Даниел Сервер, одличен познавач на состојбите на Балканот и во Македонија при што разменија мислења за актуелните случувања.

Николоски се сретна и со Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора Мето Колоски при што нагласи дека силна дијаспора значи силна Македонија и се заблагодари на сите активности на ОМД. Ги поздрави нивните напори за формирање на група на пријатели во Конгресот која одлично функционира како и новите програми за млади насекаде низ дијаспората.

На сите средби Николоски зборуваше за состојбите во Македонија, штетните последици од договорот со Грција, економското назадување и растот на корупцијата. Недостатокот на реформи и визија каде Македонија треба да се движи. При тоа ја истакна потребата од одржување фер, слободни и компетитивни предвремени парламентарни избори со цел надминување на политичката криза која е предизвикана од актуелната власт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега