Двајца потенцијални кандидати за претседател од ВМРО-ДПМНЕ го посетија ОК Кисела Вода
Ми претставува задоволство што општинскиот комитет Кисела Вода денес беше посетен од двајца од потенцијалните кандидати на ВМРО – ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, напиша Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
„Одлична дискусија со професор Манасков Ѓорѓи и Никита Шекутковски на која беа разменети мислења и идеи за нејзината визија, која впрочем беше презентирана пред делегатите од нашиот ОК како и пред делегатите на ОК Сопиште и Студеничани.
Општинскиот комитет Кисела Вода останува отворен и за останатите кандидати на претстојната конвенција кои со нетрпение ги очекува, за да ги слушне со нивните идеи и визии.
*НАПОМЕНУВАМ се со цел избегнување на разни натписи од портали:
Ова се средби каде кандидатите се претставуваат пред делегатите. Подоцна следи фаза каде избраниот кандидат би се претставувал пред членството !“, напиша Ѓеорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа