Мицкоски: Ги предупредив европратениците дека очекуваме Заев да ги украде претседателските избори

 

Во рамки на посетата на Брисел на Политичкото собрание на Европската народна партија делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Микоски, во која беа и потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика Тимчо Муцунски на соговорниците од Европа им ја пренесена загриженоста на граѓаните од порастот на криминалот во земјата.

-Ја искористив можноста да се сретнам со голем број европарламентарци од сестринските партии. Разговаравме за актуелните политички случувања во Република Македонија. Разговарав и со двајца од тројцата известувачи за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл и Милан Кукан. Исто така, имав можност да разговарам и со потпретседателот на ЕНП, Давид Мекалистер, кој е и претседавач со Комитетот за меѓународна политика при ЕП. Со претседателот на ЕНП Жозеф Дол имав исклучително корисен состанок, кој по состанокот излезе и со изјава на социјалните медиуми. Остварив средба ис о голем број европратеници, Звер, Ковачев и други. Генерално дискутиравме за случувањата во Република Македонија, за изгубената правна држава, за невладеењето на правото во Република Македонија, зглемениот криминал. Ја пренесов нашата загриженост, но и на граѓаните. Луѓето имаа можност да слушнат поинаква проказна од розовата приказна што им ја пласира власта. Имаа можност да слушнат за вистината, а ја пренесов и нашата загриженост дека очекуваме Зоран Заев да ги украде претседателските избори како што тоа го направи со референдумот и локалните избори, рече Мицкоски, кој беше гостин во вестите на ТВ Алфа.

Toj говореше за семинарот кој го организираат заедно со Националниот демократски институт (НДИ) од САД, а кој ќе се одржува викендов во Струга, при што се осврна и за сомнежот дека изборите во Република Македонија нема да се одвиваат по демократски и фер пат.

-Имаме најмалку четири причини зошто не би очекувале фер претседателски изборен циклус додека тој во меѓувреме не се промени се разбира. Прво затоа што за време на референдумот имавме во некои изборни места на секои 2,4 секунди и покрај евидентните кои што ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Обвинителството, ние до ден денеска немаме правна разврска на сето тоа кое што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Обвинителството. Нема ни кривична, ниту пак знаеме дали е отпочната било каква истрага, било каква постапка. Имаме на изборни места каде што во 4-5 изборни циклуси наназад излезеноста не била над 50%, сега имаме излезеност од фантастични 98%. И ако навистина тоа е не е некаква индиција за некакво полнење на кутии, некакви нерегуларности за време на референдумското изјаснување навистина што би можело да биде, запраша Мицкоски.

Ја појасни и втората причина, каде што вели дека се гледа оти Зоран Заев бега од предвремени парламентарни избори. -А бега затоа што предвремените парламентарни избори како и редовни парламентарни избори според законите во Република Македонија подразбираат формирање на техничка влада. И таа техничка влада каков таков гарант за реализирање на фер избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2019 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега