Шекутковски во ОК Гази Баба : Проблемот беше ирационален, договорот од Преспа е трансцедентен

 

Има рационални и ирационални броеви, а оние кои се „по”ирационални меѓу нив се нарекуваат трансцедентни. Кога сакате на некого со договор да му пропишете како да мисли резултатот може да биде само трансцедентен договор. Потврда е следниот став во Точка 7.од договорот.

„Двете страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна”, кажа Никита Шекутковски, претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ на презентацијата во ОК Газибаба.

„Земајќи во обзир дека според науката, Хелените (елините) и Македонците се два различни ентитета во античката цивилизација , слободно може на спомениците во центарот на Скопје да им се стават вистинските имиња. Не бараме ништо од елинската цивилизација, но нема да се одкажеме од македонската, кажа Шекутковски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега