Тешка несреќа во Скопје се излизгал мотоциклист, итно во болница
Во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“ и улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот С.И. од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
11.02.2019 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа