ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста и алчноста на Филипче се плаќа со човечки животи

 

Венко Филипче оди си од министерската фотелја пред да биде предоцна! Твојата неспособност и алчност во ресорот се плаќа со човечки животи, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Венко Филипче..

„Само на Заев и на Филипче може да им текне таква морбидна, некрофилска и глупа теза дека последното 13 месечно детенце кое почина заради компликации од морбили, животот го загубило заради политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче се власт не 13 туку 20 месеци и нивна е одговорноста за катастрофалното справување со епидемијата. Антивакцинална кампања и дезинформациите кои ги ширеа уште додека беа во опозиција сега  го земаат својот данок.

Филипче беше неспособен и додека ја извршуваше советничката функција во владата на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа не му беше доверена поодговорна позиција, но очигледно за Заев биле поважни други негови квалификации, а не професионалните.

Со манипулирање на јавноста нема да се подобри состојбата. Ситуацијата ќе ескалира доколку некој што е заинтересиран и компетентен не ја преземе контролата.

Доста се загубени детски животи. Министер Филипче, имај образ и повлечи се!“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега