Колегите со сочувство за пратеникот Трпевски на кој му загина синот: "Биди силен"
Сопартијците и колегите на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпевски од Гостивар, на социјалните мрежи му изразуваат сочувство за неговата голема загуба, откако вчера му почина синот во автобуската несреќа кај Карпалак.
- ,,Голема загуба“, ,,Нема зборови на утеха“, ,,Биди силен“, се само некои од пораките, пренесе Ако.
Ивица Трпевски е еден од 15 загинати во тешката сообраќајна несреќа. Сите загинати и повредени се од Гостивар.
14.02.2019 - 10:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа