Македонскиот пејач се простува од другарот кој загинал во автобусот: "Душа ми скина"
Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар.
Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.
Пејачот Перо Пандилоски, кој по потекло е од Гостивар, на социјалните мрежи низ солзи објави за загубата на другарот.
Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.
14.02.2019 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа