Металург ќе ги одмери силите со ПСЖ во второто коло во ЛШ

Металург денеска попладнево со почеток од 18 часот во салата Борис Трајковски ќе го одигра мечот од 2 коло во Лигата на шампиони против најскапиот тим во ракометот францускиот шампион ПСЖ. 

Червар со мали главоболки поради ослабениот состав ќе им се спротистави на французите. Поради повредата на коленото Миркуловски нема да настапи. Червар бара од играчите да се намалат грешките во нападот и одбраната. 
 
Кај противничкиот тим пак исто така се претпазливи, а тројца од нив (Игор Вори, Јаков Гојун и Марко Копљар) многу добро се познаваат со стратегот на тимот од Автокоманда.
 
Металург ќе има и голема помош од трибините, бидејќи салата е распродадена, а покрај хрватското трио во составот на ПСЖ се наоѓаат Михаел Хансен, Даниел Нарцис, Лук Абало и уште неколку ѕвезди на европскиот ракомет.
 
Распоред на натпреварите од 2.коло:
 
А група: Мотор – Загреб 31:30, Цеље – Санкт Петербург (денес) и Веспрем – Рајн Некар Ловен (утре).
 
Б група: Данкерк – Висла (денес), Кил – Колдинг и Киелце – Порто (утре).
 
Ц група: Динамо Минск – Вардар 26:24, Металург – ПСЖ (денес), Барселона – Вакер Тун (утре).
 
Д група: Халмштат – Флензбург 27:37, Хамбург – Горење 41:32 и Алборг – Ла Риоха (утре).

28.09.2013 - 11:26