ВИДЕО: Ѓоковиќ лудува во Пекинг, а Сампрас збори за најдобрите

Најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ приреди незаборавно шоу на хуманитарниот меч во Пекинг, каде што ја импресионираше многубројната публика со тоа што се најде во неколку различни улоги. Пред дванаесет илјадната публика Ноле глумеше дека е фоторепортер, собирач на топчиња и главен судија. Во мечот кој го одигра со кинеската колешка загуби со 3:2 во гемови. Ваквото шоу претставува извонредна најава за престојниот турнир од серијата 500 кој ќе започне во понеделник, а кој ќе треба да го одбрани току Ѓоковиќ. 

И додека Ноле ги изведуваше своите лудории, легендата Пит Сампрас истакна дека најдобрите во „белиот спорт“ на сите времиња за него се Роже Федерер, а до некаде и Рафаел Надал. Но меѓу нив не го стави и Србинот. 

„За мене отсекогаш беше јасно дека Роже е најголемиот. Меѓутоа, би рекол дека и Рафа со своите резултати заслужува да се најде во таа приказна. Тој се уште не го кажал последниот збор, би можел да освои уште грен-слем титули и има подобар ефект во меѓусебните дуели со сите свои современици“, вели Сампрас.

„Покрај тоа, ги освои Олимписките игри и Дејвис купот. Главно не сакам да зборувам за ова, секоја генерација има свој човек. А која беше најдобра? Можеме да дискутираме за тоа цел ден. Јас мислам дека Роже беше најпостојан, меѓутоа Рафа е извонреден и сигурно ќе ме престигне по бројот на наслови од големите турнири. Ќе видиме може ли да оди чекор понатаму“, заклучи Американецот, кој во кариерата има освоено 14 грен-слем титули, две повеќе од Надал, а три помалку од Федерер.

28.09.2013 - 14:31

најчитано сега