Костадинов: Силјановска по стапките на Иванов и Мицкоски, ништо не се менува во партијата на Груевски
На прес конференцијата на Костадин Костадиов, пратеник и потпарол на СДСМ, одговарајчи на прашање од новинар, како го коменира изборот на кандидат за преседател на ВМРО- ДПМНЕ и очигледната поддршка што денеска ја доби од претседателот Иванов, тој одговори:
„Она што вчера се случи на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше само официјализирање на кандидатот на Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Што може да се каже за кандидат којшто денеска го гледаме како се шета со Ѓорге Иванов. Знаеме дека граѓаните не сакаат и нема да дозволат нов Ѓорге Иванов послушник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Гордана Силјановска вчера на конвенцијата можеше навистина да се огради од криминалните политики на Никола Груевски, да се огради од деструктивните активности на Христијан Мицкоски, во однос на напредокот на Република Северна Македонија, да се огради и да го осуди ширењето на говор на омраза на нејзините колешки, којшто и ја дадоа поддршката, за жал тоа не го видовме. Вчера видовме како Гордана Силјановска застанува и претставува уште една продолжена рака на Христијан Мицкоски, дејствувајќи деструктивно за напредокот на Република Северна Македонија. Оттука може јасно да порачаме дека на наредните претседателски избори Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски може да очекуваат пораз.“ рече Костадинов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа