СДСМ: Продолжува грижата за земјоделците, исплатени субвенции од 9 милиони евра за над 15.000 лозари
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со посветена грижа за лозарите, за земјоделците, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Пред почетокот на новата прозиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје“, велат од владејачката партија.
Покрај субвенциите, според најавите од Министерството, на почетокот на следниот месец ќе започне исплатата на долгот на приватните винарници кон лозарите, за предаденото а неплатено грозје во периодот од 2014 до 2016 година, наследен проблем кој го реши оваа Влада во интерес на лозарите, велат од партијата.
„Со тоа, дополнителни 1.5 милиони евра ќе се вратат кај лозарите од Тиквешкиот регион“, стои во соопштението.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на спроведување на мерките што обебедуваат развој на земјоделството, сигурен откуп и повеќе пари кај секој земјоделец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа